Colette Andrusyszyn
Проектна менаџерка

Nathalie Bourbotte
Експертка

Rodrigue Vandamme
Техничко лице

Оддел на Францускиот Олимписки Комитет во Северна Франција - Координатор

Оваздружение е претставник на Францускиот национален олимписки и спортски комитет (CNOSF) во северниот дел на Франција. Седиштето се наоѓа во Вилнев Д’Аск во близина на градот Лил. Овој оддел во 2020 година броеше 4987 клубови и 564.475 лиценци, што претставува 21,6% од населението (2.606.234 жители до 2020 година).

Ова здружение делува според Законот од 1901 година и како членови ги има 59те одделенски спортски комитети од француските олимписки и неолимписки федерации, придружници, училишта или универзитети. Здружението е партнер на Одделенската Служба во Jeunesse како и Одделенскиот Совет во Северна Франција.

„Составена е од 20 изгласани директори и 6 вработени. Извршува многу мисии поделени на 5 главни области и ја дава својата помош и експертиза во различни области (анимација, обука, вработување...).

Здружението брои 20 избрани директрои и 6 вработени. Петте приоритети на делување на здружението се: 

● Спорт и здравје, благосостојба

● Спорт и образование и Олимписки вредности

● Спорт и граѓанство вклучувајќи ја Комисијата за жени и еднаквост и спортската ознака, ,, ангажман на младите“ и „одржлив развој“. Од 2010 година, Здружението ги поддржува доброволните клубови кои сакаат да развијат активности во корист на спортските практиканти, преку својата иницијатива „еднаков спорт“. Со своето искуство од 2010 година, здружението ги збогатува своите активности преку здружување и споделување на позитивни искуства на европско ниво

● Спорт и професионализација

● Спорт и јавни политики

>
mk_MK