Silvija Mitevska
Проектна менаџерка
Sara Glogovac
Административна асистентка
Олимписки комитет на Северна Македонија (ОКСМ) – Партнер
Олимпискиот комитет на Северна Македонија е основан на 29 април 1992 година во Скопје, како Олимписки комитет и Спортски комитет. Главна цел е да ги промовира олимписките идеали и да ги спроведе програмите на МОК. На 21 септември 1993 година, НОК стана 195-та членка на Меѓународниот Олимписки Комитет. Македонскиот олимписки комитет е составен од федерации на олимписки и неолимписки спортови, како и истакнати спортисти и субјекти од администрацијата на спортот. Неколку комисии работат на различни национални и меѓународни програми. Македонскиот олимписки комитет е највисокото спортско невладино здружение во кое конститутивни членки се националните спортски федерации на олимписки спортови. Македонскиот олимписки комитет е член и ги претставува националните спортски федерации во Меѓународниот олимписки комитет. Организиран е во согласност со интересите на националните спортски федерации, со принципите на олимпиското движење, Олимписката повелба на Меѓународниот олимписки комитет.
Главни цели и задачи на Македонскиот олимписки комитет се: подготовка и учество на спортисти од Р. Северна Македонија на летните и зимските олимписки игри, развојот и ширењето на олимпиското движење во Република Северна Македонија, почитувањето на Олимписката повелба, ширењето на основните принципи на олимпизмот преку активности и програми кои се реализираат во рамките на образовниот и културниот живот, развој на врвен спорт, развој на меѓународна соработка во областа на спортот, грижа за здравјето на спортистите, особено почитувајќи го медицинскиот кодекс на Меѓународниот олимписки комитет и Светскиот антидопинг кодекс на Светската антидопинг агенција.